Contact 02 / 3290 440

ФАС-ВАС е водечка дистрибутивна компанија за сите типови на филтери и моторни масла и мазива на територијата на Република Македонија.Основана е во 1992 година како мала компанија во приватна сопственост која континуирано ја изградува својата дистрибутивна мрежа и денес може да се пофали со најголем број на комитенти и асортиман на филтери и масла.Располагаме со преку 3500 филтери од лагер и преку 100 тони моторно масло за да се задоволи вкусот дури и на најпребирливите потрошувачи, а додека за најбрзо вградување на истите отворен е високо квалитетниот сервис

Во служба на нашите потрошувачи располагаме и со висококвалитетни кадри во сите сектори на работење, во кои постојано вложуваме преку едукација и развој на нови вештини. Фирмата ФАС-ВАС е генерален застапник за Македонија на следните брендови на филтери од кои UFI-ИТАЛИЈА, CLEAN – Италија, BALDWIN-САД, JAPANPARTS-ЈАПОНИЈА, НГК-ЈАПОНИЈА, HELLA – Германија,  како и целокупната програма од маслата на PETRONAS-ИТАЛИЈА.

Денес, горди сме на фактот што повеќе од 20 години ФАС-ВАС ВАСКО ДООЕЛ и понатаму продолжува да го следи трендот на брзорастечка компанија со една од најголемите дистрибутивни мрежи на оваа територија. Со нашиот досегашен развој продложуваме да градиме висококвалитетен систем на работење кој постојано го унапредуваме во чекор со барањата на пазарот преку следниве сектори.

Во тек со новите трендови и барањата од нашите клиенти најново во нашата понуда е опремата за дијагностика AUTEL.

en_USEN